Надлжности на Градоначалникот

Градоначалникот во рамките на своите надлежности;

–           Ја претставува и застапува Општината;

–           Ја контролира законитоста на прописите на Советот;

–           Ги објавува прописите на Советот во служеното гласило на Општината;

–           Го обезбедува изврувањето на работите кои што со Закон и се делегирани на Општината;

–           Иницира предлага донесува на прописи од надлежност на Советот;

–           Го предлага годишниот Буxет и Годишната сметка на Буxетот на Општината;

–           Го извршува Буxетот на Општината;

–           Избира Директори на Јавни Служби кој ги основало Општината врз основа на јавен конкурс;

–           Донесува Решенија за утврдување на данокот на имот за имот кој се наоѓа на територијата на Општината;

–           Води евиденција за угостителските објекти и за работното време на угостителските  објекти кои работат на територијата на Општината;

–           Склучува договори за закуп на објекти или делови на објекти најавни установи со и без  опрема за потребите на Општината;

–           Должен е веднаш да го извести Министерството надлежно за вршење на работите од областа на Локалната Самоуправа за настанување на еден од условите за предвремено распуштање на Советот.

–           При предвремено распуштање на Советот до избор на нов Совет, ги извршува работите од надлежност на Советот со определени ограничувања утврдени со Закон;

–           Член е на Координативното тело на Градоначалниците на Град Скопје и на Општините во Град Скопје за остварување на меѓусебна соработка и решавање на прашања од заеднички интерес;

–           Подготвуа Ребаланс на Буxетот во насока на надминување на финансиската нестабилност на Општината кој го одобрува Комисијата формирана за надминување ба финансиската нестабилност на Општината;

–           Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;

–           Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица,во согласност со Закон;

–           Донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;

–           Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинаската администрација, доколку поинаку не е определено со Закон;

–           Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста  на Општината, во согласност со Закон и Статут и

Врши и други работи утврдени со Закон и со Статутот