Денеска градоначалникот г. Блерим Беџети оствари работна средба со раководителот на Центарот за развој на планскиот регион, г. Љупчо Кец Мицковски и советничката за промоција на туризмот, културата и рамномерниот регионален развој г. Регина Икономовска.

На оваа средба на општината и беше презентирана програмата „Балансиран одржлив и инклузивен регионален развој“ – втора фаза – која ја спроведуваат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Во рамките на оваа програма и програмата за развој на Планскиот центар на Град Скопје за 2022 година со средства планирани за 2023 година ќе се одржат форуми на кои ќе се дебатират и избираат проекти со најголем приоритет од сите учеснички општини.
Тема на дискусија беа и можностите за реализација на можноста за реализација на прекугранични проекти со Косовските општини преку агенции во РМВ, како и за проекти кои имаат за цел развој на туризмот во Матка.