Соопштение за Јавна Анкета

Соопштение за Јавна Анкета

По предлог планот- Детален урбанистички план за дел од градска четврт СЗ 23.04, Општина Сарај, утврдено од Комисијата за давање мислење за нацртите на урбанистичките планови во територијата на Општина Сарај.

Предлог планот со графичките прилози ќе биде изложен во просториите на Општина Сарај и во подрачјето на опфатот, во период од 12.01.2024 год. до 12.02.2024 год. додека јавната презентација ќе биде одржана на ден 01.02.2024 година од 10.00 часот во просториите на Општина Сарај.
Опфатот е со површина од 3.11 ха.

Во определениот рок заинтересираните граѓани и физички лица од конкретното подрачје опфатени со планот мораат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови или преку системот е-урбанизам

Анкетните листови за учество во јавната анкета мораат да се подигнат во просториите на Општина Сарај или преку системот е-урбанизам.

Превземи План

Превземи Анкетен Лист

Превземи Соопштение