✅ Заврши изградбата на фекалната канализациона мрежа во Копаница

✅ Заврши изградбата на фекалната канализациона мрежа во Копаница
🚧 Согласно планирањето на проектот, во текот на градежните работи беа поставени два главни Колектори, едниот со капацитет од F400 – должина од 239m и другиот Колектор со капацитет од F315 – должина од 1876m.
🚧 Во системот на фекалната канализација поставен е цевководот за приклучување на домаќинствата во должина од 10.015m – со капацитет од F250 и содржи над 500 шахти, со што ќе се овозможи приклучување на над 90% од куќите лоцирани во оваа населено место.
👉 Новосоздадениот канализациски систем беше завршен 4 месеци пред предвидениот рок и беше изграден според сите соодветни стандарди, обезбедувајќи безбедно и ефикасно отстранување на отпадните води, намалувајќи го ризикот од контаминација и појава на болести.
– Вредноста на проектот е 78.968.334,00 ден со ДДВ и со овој проект се решава сериозен инфраструктурен проблем за населеното место Копаница.