Јавното претпријатие Паркови и зеленило денеска продолжи со акцијата за чистење и уредување на зеленилото на главниот пат што минува низ населените места Долно и Горно Сфиларе.
Во текот на денешната акција беа спроведени следните активности: косење и собирање на косена трева, кастрење на дива вегетација, собирање хартии и отпад како и нивно товарење.
Акцијата ќе продолжи и во наредните денови.