Општина Сарај објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден ) административен службеник за следното работно место:
- УПР 01 01 Б02 000 Раководителна Сектор за правно нормативни работи – стручно административни и општи работи– локален инспекциски надзор -1 извршител
Податоци за работното место
- Реден број: 9- (девет)
- Шифра: УПР 01 01 Б02 000
- Назив: Раководителна Сектор за правно нормативни работи – стручно административни и општи работи– локален инспекциски надзор
- Звање: Раководител на сектор
- Број на извршители: 1 (еден)
– Вид на образование: Правни Науки / Политички Науки / Машинство
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
– најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење; и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-потврда за положен испит за административно управување
Распоред на работно време:
работни денови: од понеделник до петок
работни часови неделно: 40
работно време: од 08:30 до 16:30 часот
Платата за работното место е во паричен нето износ од 37.646,00 денари.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Сарај, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Општина Сарај, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
– да е оценет со оцена „А” или „Б” при последното оценување,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на исто ниво и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Сарај до Одделение за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Општина Сарај resursi@saraj.gov.mk
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето.
Интерниот оглас да биде објавен на 01.02.2022 година.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.