✍️🤝 Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Сараj и Меѓународниот балкански универзитет

✍️🤝 Потпишан меморандум за соработка помеѓу  Општина Сараj и Меѓународниот балкански универзитет
◼️Денеска, градоначалникот на Општина Сарај, г. Илас Весели и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф.д-р. Лутфи Сунар потпиша меморандум за соработка и партнерство на повеќе области.
◼️Оваа соработка е од особено значење за Општина Сарај, но и за студентите на овој универзитет, бидејќи теоретскиот дел што ќе го учат, ќе можат да го спроведат во пракса.
⏭️ Меморандумот, меѓу другото, вклучува и:
✅ обука на воспитно-образовниот кадар од градинките и основните училишта на Сарај во различни области, со што дополнително ќе се зајакнат нивните капацитети и знаења преку семинари, курсеви и дообука;
✅ заедно организирани семинари, курсеви, обуки и други облици на обука;
✅ аплицирање и реализација на научни, стручни и апликативни проекти;
✅ Ангажирање на општински експерти во наставниот процес на Меѓународниот балкански универзитет за клиничка настава.
✔️ Општина Сарај се надева дека со овој меморандум во иднина ќе се иницираат голем број проекти и ќе се продлабочи соработката со Меѓународниот балкански универзитет од што најголем бенефит ќе имаат граѓаните.