Надлежности на Градоначалникот

Градоначалникот во рамките на своите надлежности;

 

Ја претставува и застапува Општината;

Ја контролира законитоста на прописите на Советот;

Ги објавува прописите на Советот во служеното гласило на Општината;

Го обезбедува изврувањето на работите кои што со Закон и се делегирани на Општината;

Иницира предлага донесува на прописи од надлежност на Советот;

Го предлага годишниот Буxет и Годишната сметка на Буxетот на Општината;

Го извршува Буxетот на Општината;

Избира Директори на Јавни Служби кој ги основало Општината врз основа на јавен конкурс;

Донесува Решенија за утврдување на данокот на имот за имот кој се нао|а на територијата на Општината;

Води евиденција за угостителските објекти и за работното време на угостителските објекти кои работат на територијата на Општината;

Склучува договори за закуп на објекти или делови на објекти најавни установи со и без опрема за потребите на Општината;

Должен е веднаш да го извести Министерството надлежно за вршење на работите од областа на Локалната Самоуправа за настанување на еден од условите за предвремено распуштање на Советот.

При предвремено распуштање на Советот до избор на нов Совет, ги извршува работите од надлежност на Советот со определени ограничувања утврдени со Закон;

Член е на Координативното тело на Градоначалниците на Град Скопје и на Општините во Град Скопје за остварување на ме|усебна соработка и решавање на прашања од заеднички интерес;

Подготвуа Ребаланс на Буxетот во насока на надминување на финансиската нестабилност на Општината кој го одобрува Комисијата формирана за надминување на финансиската нестабилност на Општината;

Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;

Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица,во согласност со Закон;

Донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;

Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинаската администрација, доколку поинаку не е определено со Закон;

Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината, во согласност со Закон и Статут и

Врши и други работи утврдени со Закон и со Статутот