
Биографија на градоначалникот на општина Сарај – Мухамет Елмази
Мухамет Елмази е роден во Сарај на 31 март 1989 година. Оженет е и татко на пет деца.
- Средното образование го завршил во Арсени Јовков – Скопско. Дипломиран економист е на Државниот универзитет во Тетово.
- Кариерата на г-дин Елмази започнала како член на општинскиот совет во општина Сарај од 2017 до 2021 година.
- Од 2021 до 2024 година бил гласот на жителите на Сарај како член на Градскиот совет на Скопје.
- Во 2024 година ја презел функцијата генерален директор на Акционерското друштво за вршење енергетска дејност, пренос на природен гас НОМАГАС и ја извршувал функцијата до 2025 година, односно до неговиот избор за градоначалник на општина Сарај.
- Мухамет Елмази ја презел функцијата градоначалник на општина Сарај по локалните избори одржани на 19.10.2025 година.
е-пошта: muhamet.elmazi@saraj.gov.mk