ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Со посветеност и работа за раното образование на нашите деца, да имаме среќно и здраво општество во иднина!

Со оглед на бројните барања за регистрација на деца во градинките во општина Сарај, по завршувањето на сите постапки беше одлучено од понеделник (01.03.2021) да започнат со работа дополнителни две групи во објектите на градинка „Филизи“, исто така од 01.03 .2021 година (понеделник) во градинката „Филизи“ во Сарај и во објектот „Флутура“ во Кондово ќе започнат работни групи на деца од 9 месеци до 2 години, кои се веќе формирани, како и други групи од 2 до 3 години  кои ќе се формираат. Групите од 9 месеци до 2 години ќе бројат 8 деца, додека групите од 2 години до 3 години ќе бројат до 15 деца, почитувајќи ги мерките за пандемијата.

Сите заедно дејствуваме за да создадеме подобри можности за иднината на нашите деца.