Општина Сарај потпиша меморандум за соработка со Центарот за Едукативен и Културен Развој “РАЦИО”.

Општина Сарај потпиша меморандум за соработка со Центарот за Едукативен и Културен Развој “РАЦИО”.

Со овој меморандум Општина и Рацио се согласуваат да соработуваат во реализирање на два многу важни проекти за нашето општество и тоа: 1. START-UP & STEM YOUTH EDUCATION – Проект кој предвидува развивање на преприемачки вештини кај младите од 16 до 30 годишна возраст, инкорпорирајќи го STЕМ и 2. FAST-IMPACT – проект кој предвидува развивање на претприемачки вештини кај девојките и невработените жени преку STEM едукација.
Општина Сарај е секогаш отворена за проекти кои имаат за цел развојот на младите и авансирање на жените во нашето општество.