Секретарот на општина Сарај, г. Сефи Шабани заедно со поглаварот на БФИ Реис Ул Улема Шаќир ефенди Фетаху, муфтијата на Скопје д-р Ќенан еф.Исмаили и други присутни имами денеска поставија темелник за изградба на нова џамија во населеното место Грчец.

„Каде што има дела нема потреба од многу зборови, поставувањето на овој темелник кажува многу за верскиот живот овде во Општина Сарај.
Во последните 4 години речиси секоја година имаме отварање на нова џамија, како што беше вчера свеченото пуштање во употреба на џамијата во Лубин, изградбата на џамијата во Чајлане, Арнаќија, Горна Арнакија, Бојане..

Имајќи предвид дека верските објекти се користат и за настава на верски верувања во мектебите кои се во рамките на џамиите, од каде многу имами започнале со своите први чекори, со нивното редовно одржување докажуваме дека се грижиме верските активности да се изведуваат во најдобри можни услови.

Соработката меѓу општината и муфтијата на Скопје е на вистинско ниво и ќе продолжуваме со единствена цел, сервис на граѓаните“, рече меѓу другото секретарот на општина Сарај, г. Сефи Шабани.