Во организација на ЗИП Институтот во соработка со општина Сарај денеска на плоштадот во Бојана се одржа шестото издание на Фестивалот на грозје.
Фестивалот на грозјето е традиционална активност која во последните години значително помогна во унапредувањето на лозарството и развојот на оваа земјоделска култура во Бојана.
Покрај промоцијата на земјоделските култури, ФРБ имаше и богата програма со ора, песни, традиционална храна, како и детско забавно катче.
Општина Сарај секогаш ќе ги поддржува ваквите активности насочени кон развој и унапредување на земјоделските култури.