🎒📚 По повод почетокот на новата учебна година, денеска градоначалникот на општината г. Илас Весели заедно со општинскиот персонал го посети основното училиште “Перпарими” Крушопек.

🎒📚 По повод почетокот на новата учебна година, денеска градоначалникот на општината г. Илас Весели заедно со општинскиот персонал го посети основното училиште “Перпарими” Крушопек.
За време на посетата, градоначлникот меѓу другото истакна „Денес е посебен ден за сите нас, бидејќи го означува почетокот на новата учебна година, ново патување на знаење и напредок. Општина Сарај отсекогаш го ценела значењето на образованието на помладите генерации. Да работиме заедно за да создадеме безбедна и мотивирачка средина за сите наши ученици, охрабрувајќи ги да ги следат своите соништа и да го достигнат својот целосен потенцијал.
Би сакал да ја искористам оваа прилика да ви посакам на сите успешна и исполнета година. Нека оваа учебна година ни биде исполнета со успеси и убави моменти за сите“!