![🏃](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t3b/1/16/1f3c3.png)
![🥅](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t92/1/16/1f945.png)
![🏐](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t57/1/16/1f3d0.png)
Во рамките на оваа Олимпијада се одржаа натпревари во 5 спортски дисциплини и тоа: трчање, скокање, фрлање на ѓуле, одбојка и фудбал.
Врз основа на постигнатите резултати, за победник на Олимпијадата е прогласено општинското основно училиште,,Сами Фрашери, од Глумово со вкупно акумулирани 30 бодови, со вкупно 5 први места (пет златни медали), второто место и припадна ОУ „Дитурија“ од Сарај со исто толку поени, односно вкупно 30 бода, со вкупно 2 први места, 4 втори места и 1 трето место, додека третото место го поделија ОУ„Дрита“ од Раче и ОУ „Бајрам Шабани“ од Кондово, со исто толку бодови, вкупно 26 бода, со 2 први места, 3 втори места и 1 трето место.
Ентузијазмот и посветеноста што ги покажаа нашите талентирани млади ученици низ натпреварите и компетецијата по атлетикабеа навистина неверојатни и го докажаа вистинскиот потенцијал што се крие во основните училишта во нашата општина.
Истотака градоначалникот г.Блерим Беџети изрази благодарност и до наставниците и училишниот персонал, кои ги водеа овие извонредни ученици и им посакувам понатамошни успеси.