🚜👨‍🌾 ИЗВЕСТУВАЊЕ

🚜👨‍🌾 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат сите земјоделци на општина Сарај дека на ден 11.05.2023 година (четврток) во 14:00 часот во просториите на општината, Телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со организирање на промотивна кампања со цел запознавање и доближување на можностите за користење на средствата од ИПАРД програмата до потенцијалните корисници.
Мерките кои се акредитирани и вооеедно ке бидат презентирани на овој настан се следниве:
👉 Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства (инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопственото земјоделско производство, подигање на нови насади и сл…)
👉 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи ( изградба на преработувачки капацитети – млекари, кланични капацитети, мелнички капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овосшје и зеленчук – опремување со машини и опрема на истите и сл…)
👉 Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини (поддршка на сите производни капацитети, од сите дејности, кои се лоцирани во рурални средини)
На настанот како презентери ке присуствуваат претставници на Телото за управување со ИПАРД И претставници на Агенцијата за Финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.