Денеска градоначалникот на општина Сарај г. Блерим Беџети заедно со претставниците на организацијата 0-Отпад, г.-ѓа. Билјана Костадинова и г. Емир Адеми ги презентираа новите канти за рециклирање на електрична и електронска опрема.

Во сите населени места во нашата општина денеска ќе почнат да се поставуваат големи канти, додека во училиштата ќе се поставуваат корпи за рециклирање батерии.
