🛣 На денешната седница на советот на општина Сарај, се одобруваше одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реконструкција на патот во Матка.
HomeВести🛣 На денешната седница на советот на општина...
🛣 На денешната седница на советот на општина Сарај, се одобруваше одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реконструкција на патот во Матка.
На денешната седница на советот на општина Сарај, се одобруваше одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реконструкција на патот во Матка.
Согласно решението бр.27-9412/1 одобрено од советот на Град Скопје, за реализација на соработката за реконструкција на патот во Матка, Град Скопје ќе издвои средства во износ од 124.621.244 денари со вклучен ДДВ, за годините 2023 , 2024, 2025. Додека општина Сарај ќе се ангажира во изработка на проектот и евентуални имотно-правни спорови.
Со реконструкцијата на патот во Матка ќе се реши тежок проблем за жителите на ова населено место, што значително ќе се одрази на економскиот и туристичкиот развој на овој крај, кој со висок интензитет го посетуваат туристи од различни земји.