🤝 Општина Сарај потпишува Договор за соработка со Општина Рочестер Хилс од САД.

🤝 Општина Сарај потпишува Договор за соработка со Општина Рочестер Хилс од САД.
📄 Договорот за партнерство што градоначалникот г. Блерим Беџети го потпиша заедно со градоначалникот на општина Рочестер Хилс,г.Брајан Барнет предвидува сеопфатен и ефективен пакет на поддршка за двете страни како дел од локалната самоуправа, кој се фокусира на поддршка на развојот на силно и ефективно политичко и извршно лидерство, поттикнување на ефикасност, продуктивност и иновативност, меѓусебна поддршка на градоначалниците на општините и споделување на добри искуства.
👉Партнерството меѓу Градот Рочестер Хилс и општина Сарај ќе биде преку континуирана размена на информации, редовни состаноци и реализација на заеднички програми и проекти.