💃🕺Денеска се одржа седмото издание на меѓународниот фестивал „Скопје фолк фест 2023“ кој е во организација на директорот на КУД ШЌИПОЊА г. Февзи Ебипи.

💃🕺Денеска се одржа седмото издание на меѓународниот фестивал „Скопје фолк фест 2023“ кој е во организација на директорот на КУД ШЌИПОЊА г. Февзи Ебипи.
Раководителите на уметничките трупи во седиштето на општината ги пречека претставникот на општината г. Џелал Јакупи.
Фестивалот со поздравен говор го отвори секретарот на општината, г. Имер Дервиши, кој меѓу другото рече „Ваквите настани и организации сведочат за просперитетниот културен живот во нашата општина.
Како домаќин и поддржувач на ваквите организации, во име на градоначалникот на општината, ви посакувам добредојде на овој фестивал кој претставува додадена вредност на летната културна понуда во нашата општина, која живее и дише со песни и игри како дел на неразделно од нашата богата традиција и фолклор.
Вечерва со задоволство можеме да ги проследиме настапите на сите учесници на овој фестивал, со нивните точки избрани исклучиво за нашата ценета публика”.
Овој фестивал се одржува под покровителство на општина Сараj како дел од годишната програма за манифестации, каде учествуваат културно-уметнички друштва од повеќе земји во светот, а како специјален гостин денеска беа културно-уметничкото друштво од Мексико, и ова ни овозможува одблиску да ја запознаеме уметноста и културата на различните народи.