ЈАВЕН ПОВИК За прибирање на барања за користење на средства од буџетот на Општина Сарај за 2023 година наменети за развој и унапредување на спортот и спортско-рекреативни активности во Општина Сарај.

ЈАВЕН ПОВИК  За прибирање на барања за користење на средства од буџетот на Општина Сарај за 2023 година наменети за развој и унапредување на спортот и спортско-рекреативни активности во Општина Сарај.

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на барања за користење на средства од буџетот на Општина Сарај за 2023 година наменети за развој и унапредување на спортот и спортско-рекреативни активности во Општина Сарај.

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Сарај за 2023 година, согласно Програмата за развој и унапредување на спортот и спортско-рекреативни активности, ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

1.  Видот и проектите кои ќе бидат

поддржани и предвидени финансиски средства

Средствата од Буџетот на Општина Сарај ќе се користат за финансирање на проекти и активности кои ќе придонесуваат за развој и унапредување на спортот и спортско-рекреативни активности во следните категории:

  1. За подршка на категорија спорт – фудбал
  2. За поддршка на категорија спорт – кошарка
  • За поддршка на категорија спорт-боречки спортови
  1. За поддршка на категорија спорт-ракомет
3.  Основни организиски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат спортските здруженија и екипи кои ќе учествуваат на овој повик се:

  • Да се регистрирани согласно Закон
  • Да се занимаваат со активности од областа на спортот во општина Сарај.
4.Потребна документација која здружението / екипата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска подршка на здруженија и спортски клубови
  • Пријава за финансиска поддршка
  • Статут и решение за регистрација на здружението или спортскиот клуб
5.Рок и начин на доставување на пријавите

Потребните податоци како и предлог програмите и проектите, со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава која може да се подигне во Архивата на Општина Сарај или од официјалната веб страница на Општина Сарај www.saraj.gov.mk

Јавниот повик трае 10 дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

Пријавите треба да се достават до Општина Сарај, преку пошта на адреса: ул.1 Сарај бр. 36 Скопје-Сарај, или во Архивата на Општина Сарај најдоцна до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака Јавен повик за распоредување буџетски средства за развој и унапредување на спортот и спортско- рекреативни активности во Општина Сарај.

Превземи барање