ЈАВЕН ПОВИК За прибирање на барања за користење на финансиске средства од буџетот на Општина Сарај за 2024 година, наменети за финансирање на проекти и активности

ЈАВЕН ПОВИК  За прибирање на барања за користење на финансиске средства од буџетот на Општина Сарај за 2024 година, наменети за финансирање на проекти и активности

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на барања за користење на финансиске средства од буџетот на Општина Сарај за 2024 година, наменети за финансирање на проекти и активности на здруженија, фондации, спортски клубови и поединци за 2024 година.

Распределбата на средствата е од Буџетот на Општина Сарај за 2024 година, согласно Програмата за активности и манифестации за 2024 бр.0901-1098 од 27.12.2023 година, ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите кои се однесуваат за:

– културни манифестации ( фестивали)

– спонзорство, потикнување, афирмација и помагање на млади таленти во различни области

– спортски активности ( за спортски клубови, и други индивидуални спортски дисциплини од областа на атлетика, џудо, карате и др.)

1.Видот и проектите кои ќе бидат поддржани и предвидени финансиски средства

Средствата од Буџетот на Општина Сарај ќе се користат за финансирање на програмски активности на здруженија, фондации, спортски клубови и поединци за 2024 година. Здруженјата, фондациите, спортските клубови и поединци треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што можат да се инплементират во Општина Сарај во следните приоритетни области: култура, социјална и здравствена заштита, животна средина, спорт, уметност, економски развој и образование.

2.Доставување извештај

Здруженјата, фондациите, спортските клубови и поединци на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата за финанцирзње на проекти активности на НВО и Здруженија и фондации, по завршување на своите проекти и активности, ќе достават наративен и финансиски извештај за користење на средствата  до Општина Сарај.

3.Основни организиски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата, фондациите, спортските клубови и поединци, кои ќе учествуваат на овој повик се:

-Да     се     регистрирани    според позитивните Закони како   за здруженија, фондации и спортски клубови.

-Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес.

– Да имаат седиште, живеалиште во Општина Сарај.

4.Потребна документација која треба да се достави кон Пријавата за финансиска подршка.

-Пријава за финансиска поддршка

-Предлог проект

-Статут и решение за регистрација на здружението, фондација, спортскиот клуб, документа за идентификација

-Извештај за добиените средства од Оптшина Сарај во измината фискална година и начинот на нивната реализација, ако биле корисници.

Начинот на користењето на средствата ќе се специфицира со Договор кој ќе се склучи со здруженијата, фондациите, клубовите, поединците и Општина Сарај.

Напомена: Пријавите со непотполна домуентација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

5.Рок и начин на доставување на пријавите

Потребните податоци како и предлог програмите и проектите, со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава која може да се подигне во Архивата на Општина Сарај или од официјалната веб страница на Општина Сарај www.saraj.gov.mk

Јавниот повик трае 10 дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

Пријавите треба да се достават до Општина Сарај, преку пошта на адреса: ул.,,Слобода,, Сарај бр. 36 Скопје-Сарај, или во Архивата на Општина Сарај најдоцна до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака Јавен повик за финансирање на програмски активности на здружениа, фондации, спортски клубови и поединци за 2024 година.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е ДО 07.02.2024

Превземи Јавен ПовикПревземи Формулар за аплицирање