Советот на општина Сарај денеска на 12-та седница едногласно го изгласа буџетот за 2023 година.

Советот на општина Сарај денеска на 12-та седница едногласно го изгласа буџетот за 2023 година.
Во буџетот за 2023 година на општина Сарај, главно се предвидени средства за развој на подземната инфраструктура, поточно проектирање на водоводни и канализациони мрежи за населените места Радуша, Горно Сфиларе, Чајлане, Семениште и Рашче, инвестиции во патна инфраструктура, изградба на спортско игралиште во Љоке, изградба на спортски сали и изградба на 2 паркинзи во Сарај.
Споредено со претходниот буџет, за 2023 година истотака е планирано зголемување на средствата за 30% за програмата за култура и спорт.
Предвидени се и средства за опремување на Јавното општинско претпријатие со 3 дополнителни машини (2 камиони за собирање смет со капацитет од 5м3 и 1 камион чистач) кои ќе овозможат проширување на работата на општинското претпријатие и во населените места Радуше и Матка.
Генерално, буџетот за 2023 година е прогресивен и развоен и ветува реализација на проекти од особено значење кои го подобруваат квалитетот на животот на жителите на општина Сарај.