Денеска, градоначалникот г. Илас Весели лично ги пречека група ученици од СУГС „Сарај“ кои беа во посета на општината, придружувани од нивните професори.

Денеска, градоначалникот г. Илас Весели лично ги пречека група ученици од СУГС „Сарај“ кои беа во посета на општината, придружувани од нивните професори.
Во оваа прилика учениците имаа можност директно и одблиску да се информираат за функционирањето на општината, услугите што ги врши и проектите кои континуирано ги спроведува како локална власт.
Затоа, општина Сарај и градоначалникот Весели, секогаш ќе бидат отворени и ќе продолжат да ги поддржуваат младите во различни сфери, бидејќи тие се нашата иднина.