Во рамките на проектот ГЕФ/УНЕП „Промовирање на одржливо управување со земјиштето преку зајакнување на правната и инситуционална рамка, градење на капацитетите и реставрација на најранливитепланински предели”.
Целта на проектните активности е да се намалат влијанијата од деградација на земјиштето и притисоците од користење на земјиштето врз природните ресурси во планинските предели. Со временска рамка на имплементација од четири години, се очекува проектот да го поддржи развојот и зајакнувањето на националната политика и институционалните капацитети за одржливо управување со земјиштето и да придонесе за постигнување на националната цел за неутралност на деградација на земјиштето, преку интегрирано управување со пределите во северо-западните планински екосистеми на Северна Македонија.
Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а имплементиран преку Програма за животна средина на ООН (УНЕП) и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Општина Сарај е подготвена да даде безрезервна поддршка во сите области за реализација на овој проект.