Денеска имав средба со г-ѓа Кочовска Маре, секретарка на Црвен Крст за реонот на Карпош.
На оваа средба разговаравме за многу заеднички проекти меѓу организацијата и општинската институција за превенција и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, подобрување на социјалната состојба, обезбедување почит и достоинство на човечкото битие.
Општина Сарај постојано е заинтересирана за поттикнување и промовирање на човечките вредности и подготвена навремено да одговори на современите хуманитарни предизвици.