Поради дефект на излезот од 10 kV „Рашче“ од трансформаторската трафостаница (ТС) Кондове, на кракот кон село Бојане, се интервенира за отстранување на проблемот со снабдувањето со електрична енергија.
Вчера, екипи излегоа на терен и успеаја да стават во функција дел од далноводот, овозможувајќи снабдување со електрична енергија за Рашче и Копаница.
Екипите работеа дури и ноќе, но и покрај напорите, не беа во можност да го лоцираат и отстранат дефектот.
Денес интервенциите продолжуваат со поголем број екипи на терен, со цел што побрзо идентификување и санирање на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.
