Денеска на 23-та седница на советот на општината беше одобрена одлуката за формирање на Основно општинско училиште во н.м Копаница, поточно одвојување на периферичното училиште во село Копаница од ОУ „Дрита“ – Рашче, која ќе го носи името ОУ.„7 Март“.
Бројот на ученици кои ќе се запишат во ОУ. „7 Март“ ќе биде 277, распоредени во 18 паралели и ќе започне со работа во наредната учебна 2024/2025 година, по прифаќањето од Владата на Република Северна Македонија и одлуката за верификација од Министерството за образование и наука.
Честитки до вработените во училиштето, учениците и сите жители на Копаница!

