Фестивал на фолклорни песни и игри „Алуш Хамиди 2023“

Фестивал на фолклорни песни и игри „Алуш Хамиди 2023“
Синоќа успешно заврши четвртиот Фестивал на фолклорни песни и игри „Алуш Хамиди 2023“ во организација на Здружението на културно-уметнички ансамбли и друштва од Северна Македонија, под покровителство на општина Сарај.
Овој фестивал, овојпат, беше посебен спектакл со учество на фолклористи од Дебар, Дренас, Качаник, Куманово и уште неколку земји.
Во оваа прилика, претставникот на општина Сарај, г. Џелал Јакупи, ја истакна постојаната поддршка на Општината и градоначалникот, г. Блерим Беџети. Притоа, тој им честиташе на организаторите и на присутните за настанот што се одржува, во знак на сеќавање на големата фигура на уметноста и културата кој е роден во една од населеното место на општина Сарај, во селото Чајлане.
Манифестацијата која е посветена на полиендритската фигура на Алуш Хамид особено ја почестува општина Сарај и ја зголемува нејзината гордост што произвела толку важна личност за албанската култура и уметност.
Од организаторите беше искажана посебна благодарност за поддршката на Општина Сарај, а воедно во знак на благодарност на директорот Авни Реџепи му беше доделена благодарница за градоначалникот на Општината, г. Блерим Беџети.