Градоначалникот на општина Сарај, г. Илас Весели, денеска го посети семејството Ферати во селото Бојане. Овој посебен состанок беше дел од спроведувањето на годишната програма за социјална заштита и детска заштита, одобрена од Советот на општината.

Градоначалникот Весели во оваа прилика подели ваучер за најмладиот жител на општината, роден во раните утрински часови на 2025 година, изразувајќи и споделувајќи ја радоста со семејството Ферати, со што истакна дека овој чин претставува важен момент, кој ја покажува посветеноста на општина Сарај да обезбеди поддршка за семејствата и родените деца, со надеж дека еден ден тие ќе бидат најдостојните жители на нашата општина, со кои заеднички ќе се гордееме.
Истотака, апелираме и до сите родители кои ќе родат деца во 2025 година, да поднесат барање до општина Сарај за еднократна финансиска поддршка.
Оваа е само почеток, продолжуваме со проекти и новости секогаш во функција на унапредување на нашите заеднички вредности. Честитки уште еднаш на семејството Ферати и на сите семејства што Господ ќе ги благослови со најскапоцениот подарок за 2025 година.