Врз основа на наставната програма на предметот Историја и општество во четврто одделение , Градоначалникот г-дин Иљас Весели денеска ги пречека учениците од општинското основно училиште „Дрита“ Рашче во посета на просториите на Општината.
Тие ги посетија сите канцеларии на нашата општина, при што одблиску се запознаа со работата што ја спроведува Општинската администрација. Како советници, за време на престојот поставија неколку прашања и добија одговори од Градоначалникот и соодветните административни помошници.
Среќно си заминаа од нашата Општина со надеж дека еден ден и тие ќе станат дел од неа!