Тие ги посетија сите канцеларии на нашата општина, при што одблиску се запознаа со работата што ја спроведува Општинската администрација. Како советници за време на престојот поставија прашања и добија одговори од секретарот, портпаролката на Општината и соодветните административни помошници.
Визионерски и среќни ја напуштија нашата Општина, со надеж дека еден ден и тие ќе станат дел од неа!