Општинското јавно претпријатие „Aкциос“ денеска интервенираше во населеното место Бојане, каде беа затекнати 15 диви приклучоци на мрежата за јавно осветлување, со што беше оштетен буџетот на општината, но и мрежата, предизвикувајќи континуирани дефекти во овој дел од населеното место.
Општина Сарај, согласно законот, ќе преземе мерки за сите лица кои се нелегално приклучени, а истите ќе бидат пријавени до надлежните органи, додека контролата ќе продолжи и во наредните денови, низ целата територија на нашата општина.




