Градоначалникот г. Блерим Беџети во присуство на министерот за економија, г. Крешник Бектеши и заменик Министерот за транспорт и врски г. Беким Реџепи, денеска свечено ја пуштија во употреба улицата бр.1 во Сарај (патот до Рекреативниот центар Сарај).
Патот е изграден со сите потребни стандарди во должина од 550 m и ширина од 6 m. Од едната страна е изградена специјална лента за велосипеди со ширина од 1.40 m, а од друга страна тротоар за пешаци во ширина од 1,40 до 3 m.
Поставена е и новата мрежа за јавно осветлување со нови столбови и ЛЕД светилки, а сите кабли се поставени во подземната инфраструктура.
Поставена е и фекална канализациона мрежа од 550 метри и атмосферска канализациона мрежа од 550 метри.
Вкупната вредност на проектот е 23.000.000 денари, при што 13.000.000 денари се финансирани од програмата на ТАВ Македонија, додека останатите 10.000.000 денари ги покрива општина Сарај.