Неодговорни лица во населените места Рашче и Копаница повеќе пати ги кршеа орманите за осигурувачи и на тој начин ја оштетија целата мрежа за јавно осветлување во овие населени места.
Општинското јавно претпријатие Акциос интервенираше во санирање на дефектите, а случајот е пријавен и во полициската станица во Сарај за понатамошните постапки.
