Градоначалникот г-дин Блерим Беџети во присуство на градоначалничката на град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска и претседателот на Демократската Унија за Интеграција г-дин Али Ахмети, ги промовираше до жителите градежните работи, кои продолжуваат со голем интензитет за подобрување на водоснабдителниот систем во нашата општина.
Активностите на терен опфаќаат изградба на нова пумпна станица во Рашче, потисни цевководи до Копаница – со должина од 2 km и Бојане – 6 km, како и изградба на нов резервоар во Копаница со капацитет од 600 m3.
Овој проект вреден 172.055.514 денари со ДДВ и финансиран од Град Скопје ќе реши витален проблем за населените места Рашче, Копаница, Бојана, Буковиќ Ласкарце, Семеништ и Чајлане.
Соработката со Град Скопје ќе продолжи и со реализација на проекти за реконструкција на патот до Матка, изградба на новата водоводна мрежа на Матка и уредување на нов мегапарк од над 30 илјади метри квадратни.