Секретарот на општина Сарај г. Сефи Шабани денеска беше домаќин на професионалниот фудбалер Адмир Латифи од Долно Сфиларе

Секретарот на општина Сарај г. Сефи Шабани денеска беше домаќин на професионалниот фудбалер Адмир Латифи од Долно Сфиларе
Секретарот на општина Сарај г. Сефи Шабани денеска беше домаќин на професионалниот фудбалер Адмир Латифи од Долно Сфиларе, талент кој потекнува од фудбалската школа Сарај.
⚽️ Адмир Латифи роден на 29.06.2007 година од Долно Сфиларе, кој фудбалската кариера ја започна ви КФ Сарај, кој по еден период ја продолжи во ФК Вардар, а моментално е дел од КФ Македонија Ѓорче Петров, клуб со кој постигна голем успех.
Адмир моментално е најдобар стрелец во младинската лига и еден од најдобрите играчи во нашата земја. Исто така, Адмир е еден од главните играчи во македонската репрезентација до 16 години.
На некои турнири ја освојувал наградата за најдобар играч на турнирот, како на турнирот во Берлин, каде што имало противнички тимови како Херта Берлин, Унион Берлин итн. Наградата ја доби и како најдобар играч на турнирот во Купот Кикинда во Белград, каде што беа прогласени за шампиони против екипи како Црвена звезда, Војводина од Србија, Ференцварош од Унгарија и НК Бриње од Словенија.
Општина Сарај како секогаш ќе продолжи да ги поддржува младите спортисти и таленти кои постојано не прават да се чувствуваме горди со своите настапи ширум светот.