Денеска, градоначалникот на општината г. Илас Весели, ја пречека на средба деканката на Факултетот за економски и административни науки при Меѓународниот Балкански Универзитет, г-ѓа. Лиза Алили Сулејмани, која беше придружувана од асистентот, г-ѓа. Диелза Билали.
На оваа средба се разговараше за можностите за соработка меѓу Општина Сарај и Меѓународниот Балкански Универзитет, во различни сегменти од нивното институционално делување, кое се очекува да се конкретизира во наредниот период.