Градоначалникот г.Блерим Беџети денеска учествуваше на свеченото отворање на Поликлиниката во Сарај која е со површина од 1.600 м2 и ќе вклучува здравствени услуги како дневна амбуланта за семејна медицина, дерматовенерологија, стоматологија, педијатрија, лабораторија, рендген соба и фармација.
Поликлиниката беше наше ветување и како приоритетна точка во нашата предизборна програма од 2017 година и среќни сме што овој проект e успешно завршен и ќе биде во служба на жителите на општина Сарај.