Градоначалникот Блерим Беџети денеска во просториите на општина Сарај ги пречека амбасадорката на Република Црна Гора, нејзината екселенција Марија Петровиќ, амбасадорот на Република Албанија, неговата екселенција Фатос Река, амбасадорот на Република Косово, неговата екселенција Флоријан Ќехаја и г. Ивета Хајредини, сопственичка на Медицинскиот центар во Сарај
Тема на разговор на оваа средба беше состојбата на децата со посебни потреби во нашата општина. Во оваа прилика г-ѓа. Ивета изрази подготвеност да донира простор од Медицинскиот центар за да им служи на овие деца, многу хуман гест, за што искрено и честитаме на г-ѓа. Ивета Хајредини.
Во 9-те основни училишта на општина Сарај има вкупно 43 деца со посебни потреби. За 4 ученици од оваа категорија е обезбеден личен асистент кој се занимава само со тие деца, додека за останатите ученици со посебни потреби, педагошки служби се ангажирани во рамките на училиштата. Во 3 основни училишта во соработка со родителите се создадени посебни простори за децата со посебни потреби. Општина Сарај со овие активности главно започна од оваа учебна година, имајќи предвид дека до пред 1 година за овие случаи се грижеа соодветните училишта.
Ја изразуваме нашата искрена благодарност за посветеноста на амбасадите и интересот на нивните претставници за подобрување на состојбата на децата со посебни потреби во нашата општина.

