Денеска на 25.05.2023 година во општина Сарај продолжи активноста „Училишна Олимпијада Сарај 2023“ во рамките на која се одржаа елиминациските натпревари во Фудбал.
На овие натпревари учествуваа сите основни општински училишта, екипите од машкиот пол.
Сите натпреварувачки екипи покажаа примерен успех, но по 7 натпревари кои се одиграа помеѓу екипите на девет општински основни училишта, врз основа на резултатите, третото место и припадна на екипата на ОО „Фаик Коница“од населеното место Радуша , додека за финалето беа екипите на ОО „Сами Фрашери од населеното место Глумово и ОО „Дрита“ од населеното место Рашче кои се очекува да се сретнат на 03.06.2023 година во Спортскиот рекреативен центар во Сарај.
На двете финалисти им посакуваме успех во финалето.