Претставници од Македонија Tурист денеска се обидоа да го узурпираат јавниот простор што е предвиден за изградба на паркинг во рамките на рекреативниот центар Сарај, кој е од јавен интерес.
Општинскиот инспекторат презеде мерки со запирање на работите и случајот е пријавен во полиција и обвинителство за понатамошна постапка.
Против секој што ќе се обиде да спречи реализација на проекти и нивна узурпација кои се од јавен интерес, општинските органи ќе постапат навреме, без никого да разликуваат.