Градоначалникот на општината г. Иљас Весели учествуваше на тркалезната маса со претставници од бизнис заедницата од општина Сарај, на тема „Локалните инвестиции го подобруваат квалитетот на животот“.
Овој настан беше заеднички организиран од Фондацијата Албиз и Општина Сарај, во рамките на проектот „Инвестиции со социјално влијание во заедниците“ финансиран од УСАИД – Северна Македонија.
На оваа маса, беа презентирани досегашните проекти во рамките на споменатиот проект и се одржа дебата за потребите, можностите и тешкотиите со кои се соочуваат бизнис секторот и општината како локални власт. Во духот на досегашната успешна соработка, присутните се договорија за интензивирање на соработката помеѓу бизнис заедницата и општината, со цел подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите во заедницата, што ќе овозможи поголем локален економски развој и подобрување на квалитетот на живеење. .
Општина Сарај и градоначалникот г. Илас Весели, уште еднаш истакна дека ќе продолжат да бидат деловни партнери, нудејќи целосна поддршка и подготвеност за заедничка реализација на проекти од општ интерес во блиска иднина.