На сите граѓани на општина Сарај им ја честитаме 28-годишнина, Денот на формирањето на општината, со најискрени желби оваа институција да продолжи да ги штити нивните витални интереси нудејќи ја својата институционална помош на кое било поле од животот. Општина Сарај презема сигурни чекори во својата институционална изградба за да биде што поблиску до граѓаните за да ги исполни обврските што ги има за нивната благосостојба.
Пред нас се големи предизвици, но благодарение на нашата меѓусебна соработка веруваме дека ќе успееме.
Општина Сарај е единствена институција и единствен сервис за потребите на своите граѓани.
Во оваа прилика, посебна благодарност упатува и до администрацијата и советот на општината, за нештедената работа што секојдневно ја вршат за зголемување на довербата и подобрување на животот на граѓаните.
Само на овој начин можеме да ги направиме нашите населби поудобни средини за живеење.
Среќа и здравје за сите!
Со почит,
Општина Сарај
B.Д Градоначалник Илас Весели