Денеска градоначалникот г. Беџети го пречека на работна средба генералниот директор на Поштата на Северна Македонија, г. Јани Макрадули.

Денеска градоначалникот г. Беџети го пречека на работна средба генералниот директор на Поштата на Северна Македонија, г. Јани Макрадули.

На оваа средба на општината и беа понудени нови можности за подобрување на поштенските услуги и ги истраживме можностите за отворање нови пошти во повеќе населени места во нашата општина.

Тема на разговор беше и решавањето на проблемот со пунктот во населеното место Кондово, кој поради одредени причини престана со работа.
Со продлабочувањето на соработката помеѓу Поштата и општината веруваме дека во иднина на жителите ќе им се обезбедат поефикасни поштенски услуги.