ЈАВЕН ОГЛАС за пријава за членови на Партиципативно тело за урбанистичко планирање на Општина Сарај

ЈАВЕН ОГЛАС за пријава за членови на Партиципативно тело за урбанистичко планирање на Општина Сарај

Врз основа на член 46 од Законот за урбанистичко планирање (‘’Службен весник на Република Северна Македонија” број 32/2020), Градоначалникот на Општина Сарај, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС за пријава за членови на Партиципативно тело за урбанистичко планирање на Општина Сарај

1.      Предмет на Јавниот оглас: Пријава за членови на Партиципативно тело за урбанистичко планирање, кое се формира со цел обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање на подрачјето на Општина Сарај.

Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница, ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица во процесот на урбанистичко планирање, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија, има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на плановите, ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на единицата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој преку презентирање на своите мислења на Советот на општината.

2.      Услови за учество во Партиципативното тело: Пријава по овој Јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица кои се претставници од урбаните и месни заедници или претставници на невладина организација од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општина Сарај што ги претставуваат различните групи на граѓани, граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на Општина Сарај.

3.      Документи кои се поднесуваат:

–          Пријава за член на Партиципативно тело за урбаниетичко планирање на Општина Сарај (образецот е во прилог на повикот)

–          Кратка биографија со образложение за начинот на кој заинтересираното лице смета дека ќе придонесе во работата на Партиципативното тело

–          Изјава за давање на согласност за заштита на дичните податоци(образецот е во прилог на повикот)

–          Изјава за прифаќање на условите по овој повик(образецот е во прилог на повикот)

–          Релевантен писмен доказ за исполнување на условите за учество од точка 2 на јавниот оглас(копија)

4.     Рок и место на поднесување на пријави: Пријавите по Јавниот оглас со комплетна документација да се достават до архивата на Општина Сарај или преку пошта на адреса: Општина Сарај, ул,,1,,бр.36, Сарај , во периодот од 05.02.2021 година до 05.03.2021-година.

На пријавата да се наведе: „Пријава по Јавен оглас за членови на Партиципативно тело за урбанистичко планирање на Општина Сарај”.

5.     Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на Партиципативното тело се уредуваат во Деловникот на Партиципативното тело што го донесува Советот на Општина Сарај.

Учеството во работа на Партиципативното тело е на доброволна основа и за истото не е предвиден надоместок

6.      Дополнителни информации: Лицата чии што пријави ќе бидат прифатени, ќе бидат известени во писмена форма

Контакт лице: Имер Дервиши, тел.070/344330.

 

ОПШТИНА САРАЈ

ГРАДОНАЧАЛНИК

Блерим Беџети

Образец на пријава македонски – албански Изјава албански – македонски