На оваа средба на општината и беа понудени нови можности за подобрување на поштенските услуги и ги истраживме можностите за отворање нови пошти во повеќе населени места во нашата општина.
Тема на разговор беше и решавањето на проблемот со пунктот во населеното место Кондово, кој поради одредени причини престана со работа.
Со продлабочувањето на соработката помеѓу Поштата и општината веруваме дека во иднина на жителите ќе им се обезбедат поефикасни поштенски услуги.
