На иницијатива на хуманитарната организација Калири и Миресис, денеска членот на централното раководство на оваа организација, г. Африм Демири заедно со одговорните за образование во општина Сарај, г. Фари Реџепи и г. Рафиз Амети, како и директорот на ОУ Бедри Тахири г. Наим Реџепи го посети периферното основно училиште „Бедри Таири“ во Сфиларе е Еперме.
Во оваа хуманитарна активност беа поделени торби со училишен прибор, неопходен за децата кои почнуваат од оваа учебна година.
Ја поздравуваме иницијативата на хуманитарната организација, која секогаш им помагала и ги развеселувала децата во посебни пригоди.