Денеска во присуство на градоначалникот г.Блерим Беџети , жителите од населените места опфатени со овој проект, директорот на Водостопанство Исни Јакупи и администрацијата на општина Сарај, поточно секторот за урбанизам и инспекторатот за заштита на животната средина, детално беше презентирана Физибилити студијата за системот за наводнување и имаше јавна расправа на која сите страни имаа можност да дадат свои мислења во врска со реализацијата на проектот.
Во продолжение ќе се изврши изработка на техничката документација на основниот и урбанистичкиот проект, по што ќе се изврши ревизија за истиот и конечно да почнат конкретните работи на терен.