Демант до порталите: Fol.mk, Ina-online.net и Shqip.republika.mk

Демант до порталите: Fol.mk, Ina-online.net и Shqip.republika.mk

Како општинска институција ги демантираме лажните вести кои кружат за прекумерна набавка на нафтени деривати за 2024 година.

Овие тврдења не стојат и се целосно неосновани! Во општина Сарај има регулирано и добро следено јавно снабдување, додека во предметниот случај пред јавноста појаснуваме дека е извршено групно снабдување со нафтени деривати, не само за потребите на општина Сарај, туку во соработка со претпријатијата кои работат во рамките на општината (која вклучува 7 службени општински возила, 6 камиони за собирање смет, 2 камиони чистачи, 1 трактор за одржување и чистење на вегетацијата во близина на патиштата, 1 камион за потребите на јавното осветлување и автобус за превоз на ученици во основните училишта на општина Сарај).

Во однос на трошоците за нафтени деривати за 2024 година во општина Сарај се потрошени 523.348 денари или 8.523 еу.

Исто така, за одржување на службените возила на општина Сарај се потрошени вкупно 528.683 денари или 8.610 еу.

За повеќе детали, во прилог можете да го најдете и договорот за јавна набавка на нафтени деривати (0801-466/13) помеѓу Општина Сарај, Јавното комунално претпријатие – Сарај, Јавното претпријатие АКЦИОС и Пуцко Петрол, кој исто така можете најдете на официјалната веб страница на Бирото за јавни набавки.